ШТИП: За три месеци – 591 крводарување

Штип, 07.10.2020

Денеска во Штип, во организација на Општинската организација на Црвениот крст се одвиваше крводарителска акција во која крва даваа спортистите од градот и општината. Од оваа институција соопштија дена во периодот јули-септември годинава, само во рамки на организирани крводарителски акции се реализирани 199 крводарувања.

Покрај крводарителските акции, според кварталната статистика на Црвен крст, во Службата за трансфузиона медицина крв дарувале уште 392 лица, од кои 257 се жители на општините Штип и Карбинци.

Во услови на голема Ковид 19 криза Општина Штип стои одлично во однос на овој важен сегмент од сферата на хуманоста.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе