ШТИП: „Златниот“ Емил Павлов на прием кај градоначалникот Бочварски

Штип, 08.10.2019

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во својот кабинет го прими освојувачот на Премиер лигата во карате, Емил Павлов во Москва, Русија. На приемот присуствуваше и претседателот на Комисија за спорт, Елмир Мандак и еден од тренерите на Павлов, Жарко Арсовски. Емил Павлов освои златен медал на оваа Премиер лига, победувајќи шест противници, од кои двајца светски прваци и еден освојувач на Европски игри.

„Емил со овој златен медал е поблиску до Олимпијадата која ќе се одржи наредната година. Токму заради тоа можам да кажам дека сум исклучително горд на сите овие успеси коишто ги остварува Емил Павлов,“ кажа Бочварски.

Емил додаде дека неговите очекувања секогаш се високи затоа што го дава својот максимум во секој меч.

„Имав многу тешки шест борби од кои шест победи и меѓу кои двајца светски прваци и еден актуелен освојувач на златен медал на Европски игри,“ додаде Павлов.

Општина Штип како стимул му додели парична награда во висина од 30.000 денари со што покажува дека спортот за локалната самоуправа е високо на агендата кога се работи за секаква поддршка на нашите спортисти.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе