Штип и Кочани го прославија историскиот момент Македонија во НАТО и ЕУ

Штип, 15.07.2018

На своите плоштади граѓаните на Штип и на Кочани го прославија историскиот момент – Македонија во НАТО и во ЕУ. Организатор е Владата на Македонија која во петнаесет поголеми градови во државата, меѓу кои беа Штип и Кочани од регионот, и на ваков начин го одбележа новиот историски исчекор на Македонија кон европското семејство, кон државите со уредени општества.

Во Штип на плоштадот „Слобода“ граѓаните ги забавуваа Елена Ристеска и ДНК. Елена ги распеа и пристните па од илјадници грла синоќа ечеа нејзините познати песни. Ако имаше на прославата некои на кои сеуште не им беше јасно за каков момент се работи, тука беше групата ДНК да им го всади тој важен момент во нивната ДНК за тука да остане засекогаш.

На плоштадот беа многу познати личности, од градоначалникот Бочварски, преку д-р Сашко Николов, интервентен кардиохирург , човекот кој со стентирање во нашата Клиничка болница спасува животи, политичарот Аднан Кахил, најголем дел од советниците, раководители на јавни претпријатија,на стопански организации, на институции од културата и образованието…Убавао се забавуваат и гости од повеќе балкански земји, млади до 21 година, кои во Штип се натпреваруваат во рамките на Балканското првенство во одбојка на песок.

Целата вечер која ни ги донесе сите убавини и на која видовме огромен број насмевки, на која доминираа младите зашто ова пшред се е голема работа за нивната иднина, заврши кон полноќ по што штипјани си заминаа дома.

И граѓаните на Кочани го славеа убавиот настан. На плaтот пред Трговскиот центар. Многу весела атмосфера, убави луѓе, позитивни емоции… Пред граѓаните настапија Дарио, Кинг Неат Велиов, ди-џеј Мастер Џи и Лепи Џони, присуствуваа повеќе претставници на Владата и градоначалници од Источниот регион.

На прославата присуствуваше и министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој за медиумите го рече следново:

„Ова се историски денови за Македонија, затоа вечерва заедно со граѓаните го одбележуваме првиот успех којшто беше стремеж на сите влади од осамостојувањето до денес за поканата и членството  на Македонија во НАТО. НАТО не значи само безбедност и сигурност за граѓаните и за државата, НАТО значи извесна иднина, значи економски просперитет, развој, инвестиции, отворање на нови работни места, НАТО особено за Македонија значи многу придобивки за животот на граѓаните“.

Тој порача дека членството во НАТО  и преговорите со ЕУ за македонското земјоделство значат и отворање на нови работни места и на нови фондови, повеќе пари за земјоделците и зголемување на конкурентноста и зголемено производтство, нови инвестиции, иновации во земјоделството, особено нови фондови и нови пари во целокупниот сектор и во земјоделството и во руралниот развој. Македонија ја има оваа историска шанса којашто ја создадовме и сме убедени дека граѓаните таа шанса ќе ја искористат.

D02 D03 D04 D05 D06

????????????????????????????????????
????????????????????????????????????

D08 D09

(Последните три слики се од Кочани, сликите од Штип се дело на Кирил Манев)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе