ШТИП: Конечно, биста на Михајло Нетков

Штип, 30.10.2018

Би рекол – фала му на Господ Бог што некој се сети и на ваков начин да почне да ги почитува и да им се оддолжува на личностите кои ставија свој печат врз стопанството во Штип.

Венцислав Филипов, сопственик на фирма од текстилниот сектор, во среда на 7 ноември година тековна организира свеченост по повод откривањето на спомен бистата на Михајло Нетков, основоположникот на конфекциската индустрија во Штип и регионот.

Филипов е донатор на овој проект. Бистата ќе биде поставена пред некогашната управна зграда на Модната конфекција „Астибо“ која во времето на Нетков израсна во гигант на тогашната југословенска модна индустрија.

Свеченото откривање на бистата ќе биде во 10,30 часот.

Istokpress.mk порачува: : Венислав Филипов, секоја ти чест!

Покана

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе