ШТИП: Конечно, ќе се уредува просторот кај распаднатите куќи

Штип, 16.11.2018

Нашиот портал дознава дека уште од идната пролет Штип би можел да се раатиса од една страшно неугледна негова слика во самиот центар на градот. Во прашање се неколку помали распаднати куќи на левата страна од реката Отиња, веднаш спроти Стопанска банка, односно спроти мостот Брилијант.

Овие куќи се ругло на градот, негова најлоша легитимација, нешто што опстојува со децении но никоја власт досега не успеала, а поголем дел од тоа што се нарекувало локална власт не се ни обидувала да го реши.

STIP RASPAD KUKI_800x600Со оглед на тоа дека 75 проценти од куќите се сопственост на ЈП за стопанисување со станбениот и деловен фонд на Македонија, дознаваме дека Јавното претпријатие веќе донело одлука на тоа место да се гради станбена зграда од комерцијален тип со што овој култен штипски простор ќе заличи на нешто.

Засега проблем кој не е нерешлив е само белата куќа (веднаш зад билбордот) која е во приватна сопственост на покоен штипјанец чие семејство живее во Скопје, а која Јавното претпријатие сака да ја откупи. Во моментов се преговара со семејството за откуп на куќата по што ќе може да се пристапи кон расчистување на теренот, а потоа и градба на убава зграда на местото на сегашниот хорор од распаднати куќи.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе