ШТИП: Конституиран Општинскиот совет

Штип, 06.11.2017

  • За претседател на Советот е избран Јане Миланов од СДСМ и коалицијата, познати добитниците на признанието „8 Ноември“

Во убава атмосфера денеска беше одржана конститутивната седница на Советот на општина Штип. На седницата присуствуваа сите 23 советници, 12 од СДСМ и коалицијата, 11 од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и градоначалникот Благој Бочварски.

Под другата слика - На седницаата присуствуваше и градоначалникот Благој Бочварски
На седницаата присуствуваше и градоначалникот Благој Бочварски

До изборот на претседателот на Општинскиот совет седницата ја водеше највозрасниот советник Иван Бојаџиски од Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија како дел од советничкото мнозинство предводено од СДСМ.

Со 12 гласови „ЗА“ и 11 „ВОЗДРЖАНИ“  (советниците од ВМРО ДПМНЕ),  Јане Миланов од СДСМ е избран за нов претседател на Советот на општината. Миланов во претходниот четиригодишен период беше дел од советничката група на СДСМ, а беше и нејзин координатор. Миланов е познат како советник кој најчесто излегуваше на говорница и водеше жестоки политички битки со тогаш владеачкото советничко мнозинство на СДСМ.

Добитници на наградата „8 Ноември“ станаа: Влатко Костов, фудбалски тренер, Горан Трајков, активист и борец за работнички права, Александар Апостолов, кој даде голем придонес штипската Клиничка болница да добие донација во опрема вредна 800.000 евра, Ивана Ѓурѓевиќ-Јанков, диригент на Градскиот хор и Зоран Илиев, музичар, двоен победник на „Макфест“.

За сите комисии кои беа избрани на оваа седница постоеше консензус освен за изборот на Миланов за прв советник и за осмоноемвриските награди, иако претходно избраната петчлена комисија, во која беа и двајца членови од сегашната опозиција, еднгласно застанаа зад предлогот.

- Јане Миланов
– Јане Миланов

Штип за два дена, на 8 ноември, го одбележува Денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор. На свеченоста ќе бидат врачени и признанијата „8 ноември“. Нивни добитници станаа: Влатко Костов, фудбалски тренер, Горан Трајков, борец за работнички права, Александар Апостолов, кој даде голем придонес штипската Клиничка болница да добие донација во опрема вредна 800.000 евра, Ивана Ѓурѓевиќ-Јанков, диригент на Градскиот хор и Зоран Илиев, музичар, двоен победник на „Макфест“.

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе