ШТИП: Кронавирусот го одложи Велигденскиот концерт на Музичката академија од Базел и Музичкото училиште од Штип

Штип, 17.03.2020

Коронавирусот го одложи Велигденскиот концерт кој беше договорено да го реализираат Музичката академија од Базел, Швајцарија и Музичкото училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип. На ваков раритетен музички настан штипјани ќе почекаат уште извесно време.

-Поради настанатата ситуација со вирусот, од Директорот на музичката академија во Базел добивме известување дека се одложува нивното доаѓање во Штип.

k02Ние како училиште минатата година во месец септември бевме кај нив каде беа одржани семинари и концерти. Тогаш падна договор за Велигден тие да дојдат во Штип. Делегацијата од Музичката академија од Базел требаше да ја предводи директорот, а со него беше планирано да дојдат и  уште четворица професори и 20 ученици. Заедно, со наши професори и ученици требаше да го имаме Велигденскиот концерт, но вирусот сето тоа го одложи на неодредено време, вели Горан Кавраков, директор на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“.

Велигденскиот концерт штипското Музичко училиште за првпат го одржа минатата година во Домот на култура „Ацо Шопов“, а беше планирано тој да стане традиционален.

-Здравјето на сите ни е пред се, така да целиот проект се поместува за во иднина, а ние со сигурност ќе ја продолжиме соработката. Договорот за одложување е  заеднички и е за доброто на сите, додава Кавраков.

Инаку, според договорот, екипата од Базел требаше да престојува во Штип во периодото од 4 до 10 април годинава, при што, покрај концертот, беа закажани и работилници како и проби со ученици и професори од ДМУЦ„Сергеј Михајлов“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе