ШТИП: Лебот поска од 3 до 5 денари

Штип, 02.03.2022

Од денес во Штип и во дел други градови во Источниот регион цената на лебот е зголемена од три до пет денари. Таа вест директно, преку купувањето на осдновниот прехранбен производ во продавниците, денес ја дознаа и граѓаните.

-Постојано се зголемуваат цените на енергенсите, сите сме сведоци дека цената на нафтените деривати и на струјата е зголемена, а тоа влијае врз нашето производство. Доколку не се покачеше цената на лебот и на пекарските производи, многу од пекарниците ќе го стопираа пропизводството, ни изави пекарот Николче Малинов.

Познатиот штипски пекар посочи дека неговата пекарница за да не им наштети на своите муштерии ја има зголемено и грамажата на лебот, претходно нивниот леб бил со грамажа од 400, а сега е 450 грама.Во моментов низ продавниците и пекарите лебот се продава по различна цена, на рафтовите има леб од 25, 30 и од 35 денари, во зависност од грамажата и типот на лебот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе