ШТИП: Локалните и регионални електронски медиуми надежта за опстанок ја гледаат во најавениот Фонд за поддршка на медиумите

Штип, 26.02.2022

Денес во Свети Николе, на Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р.Державин“ се одржа средба на претставници од четири регионални центри со раководството на Здружението на новинарите на Македонија. На средбата покрај претставници на регионите присуствува Младен Чадиковски, претседател и Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ.

Новинарите од тнр,„внатрешност“ го изразија незадоволството од фактот дека во Управиот одбор и во другите органи и тела на Здружението на новинари на Македонија нема ниту еден член од внатрешноста. Раководството на ЗНМ си го призна тој пропуст и вети дека за Изборното собрание кое ќе се одржи во месец деќември годинава ќе се бара модел кој ќе гарантира најмалку едно место во УО на ЗНМ во наредниот мандат.

-Најмалку 30 проценти од членството на ЗНМ е од медиумите надвор од Скопје, тие заслужуваат учество со најмалку еден свој член во највисокиот орган на здружението, а ние ќе најдеме модел како тоа да се случи, рече Драган Секуловски.

Она кое посебно ќе ги радува електронските медиуми е информацијата дека ЗНМ е во преговори со Владата за формирање на Фонд за поддршка на локалните и регионални електронски медиуми. Разговорите на оваа тема се започнати со претходната и продолжуваат со оваа влада и се на најдобар пат за нивна позитивна разрешница. Ако дојде до формирање на овој фонд, електронските медиуи за пари од истиот ќе можат да конкурираат на база јавни проекти.

-Електронските медиум.и, локалните и регионални телевизии и радија, се пред тотален финансиски колапс, а многу од нив планираат да престанат со работа. Ако не се најде начин да им се овозможи да дојдат до финансиски средства преку проекти кои тие ќе ги работат тогаш на медиуите надвор од Скопје црно им се пишува, беше речено на состанокот.

Инаку ЗНМ на 9 април годинава ќе одржи неизборно собрание.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе