ШТИП: Натпревар во гастрономија со 90 учесници

Штип, 10.05.2019

Во Штип, во организација на Факултетот за туризам и бизнис  логистика при универизитетот „Гоце Делчев“ денес започна четвртиот национален натпревар по гастрономија.

-Во натпреварот учествуваат 90 ученици и студенти од сите средни училишта и факултети по гастрономија во државата. По четврти пат натпреварувачите ќе ги покажат и докажат своите вештини во гастрономијата, а за најдобрите се предвидени награди и признанија, информира проф.д-р Нако Ташков, прв декан на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД.

Ректорот на УГД, академик, проф.д-р Блажо Боев, отворајќи го настанот рече дека гастрономијата е повеќе од наука.

-Гастрономијата е уметност и затоа таа е толку важна во едно општество, Ако во душата не си уметник не можеш да бидеш успешен во оваа работа, посочи Боев.

Љупчо Јанев, директор на Агенцијата за промоција на туризмот изјави дека оваа гранка е во силен одем во државата, и дека квалитетниот гастрономски кадар кој го создаваат нашите средни училишта и факултети значително придонесува за угледот на нашиот туризам, порача Јанев.

На отворањето настапија оркестарот на народни инструменти и фолклористи од Академијата за музичка уметност при УГД, а посебен интерес предизвикаа судиите кои од другите се одделува со медалите на нивните гради.

Утре, во рамките на оваа манифестација Штип ќе се обиде да ја направи најголемата салата на светот во која ќе се најдат 300 килограми разноводини прехранбени состојки. Настант ќе биде во радио кафе Канал 77.

Натпреварот е во Домот на култура „Ацо Шопов“.

B01B03

B06B08 B07B04 B05

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе