ШТИП: Нова војна помеѓу ВМРО ДПМНЕ И СДСМ

Штип, 22.03.2019

Секој ден-нова војна. Предизборно време е и опозициската ВМРО ДПМНЕ во Штип секој ден го користи да му напакости на својот политички противник СДСМ. Ако се може-добро, ако не утре е нов ден и ќе има нова војна на зборови.

Денешниот ден опозициската партија го искористи за обвинувања кон СДСМ за патиштата кои сеуште се градат. ВМРО ДПМНЕ ги потсетува политичките ривали дека во Кина автопатите се граделе за неколку месеци, но кај нас, завршен автопат не можел да се пушти во употреба и после неколку години.

„На почетокот, оправдувањата беа во временските услови или потребата да се направи анекс на договорот за завршување на трасата, а деновиве дознавме дека не се направени неколку сервисни патчиња! И откако Владата ги потроши оправдувањата, на никој од нас се‘ уште не му е јасно, кога ќе возиме по автопатот Штип-Миладиновци?!

Проектот беше завршен уште пред повеќе од две години од страна на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа поради недоволните познавања на челните лица во надлежните институции, се‘ уште не се користи. За ситуацијата да биде уште полоша, автопатот е во употреба без технички прием, кое веќе резултираше со неколку сообраќајни незгоди.

Го повикуваме надлежното министерство да одговори: Кој ќе превземе одговорност за непознавање на проектот? Ако знаевте дека е потребно сервисирање на споредни патчиња, зошто чекавте две и пол години?

Кој ќе ја плати штетата и амортизацијата на возилата на граѓаните од Источна Македонија“, прашаа опозиционерите преку свјот активист Вишна Шорова Ангелова.

Во ВМРО ДПМНЕ сметаат дека оваа Влада не располага со капацитет да заврши веќе почнат проект, дека е огромна разочараноста од неспособноста на власта, дека истокот не заслужува ваков третман во 21век и граѓаните бараат и имаат право да знаат дали во догледно време автопатот Штип-Миладиновци ќе биде пуштен во употреба!

Одговоро од СДСМ стигна еден час по прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во матрицата на ширење лаги и манипулации, затоа денеска лажат дека автопатот Штип-Миладоновци бил направен пред две години. Автопатот во многу аспекти беше несработен, а во некои дури и незапочнат. Владата предводена од СДСМ, колку и да не му се допаѓа тоа на ВМРО-ДПМНЕ, работејќи одговорно и совесно го финишираше овој проект.

Со секојдневното ширење лажни вести и манипулации, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да го минимизира фактот дека, за разлика од нив, на оваа Влада ѝ е важна безбедноста на граѓаните на патиштата, а не освојувањето политички поени.

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го сврти вниманието на јавноста од поразот кој ќе го доживеат на претседателските избори, но тие обиди нема да го избришат фактот дека автопатот наскоро ќе биде пуштен во употреба, а граѓаните на истокот ќе ползуваат многу придобивки од него“, стои во изјавата на владеачката СДСМ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе