ШТИП: Нова градинка ќе имало само ако Илчо останел градоначалник!

Штип, 26.09.2017

  • Изградбата на градинката Захариев ја условува со добивање нов мандат од штипјани. Како без него да ќе нема градинка. Неговиот гест е насочен против децата и нивните родители.

За време на мандатот на Илчо Захариев донесена е одлука за изградба на нова детска градина. За таа цел определена е локација во населбата Сењак. Одлуката си беше и е на место, зашто во градот на сместување во градинка чекаат помеѓу 150 и 200 дечиња, а Сењак е најживата населба со најмногу млади брачни парови, а со тоа и со најмногу дечиња. На претпоследната седница на Советот на општината директорите на градинките побараа Советот да им одобри проширување на групите за по најмногу пет деца, што од советниците беше прифатено. Со право, ама само како привремено решение.

DSCN0616-min-370x277Тоа, секако, не го решава проблемот. Проблемот со опфат на сите деца во градинки може(ше) да се реши единствена ако локалната власт си останеше на зборот и ја изградеше градинката. Договорот со Министерството за труд и социјална политика беше и останува Штип да инвестира во изградбата на градинката, а нејзиното целосно опремување да падне на товар на посоченото министерство.

-Откако го презедовме раководењето со Министерството за труд и социјална политика ние сме во постојана комуникација со општина Штип. Градинката требаше да биде годотва до оваа година, но на неа работите не се ниту започнати. Го прашавме градоначалникот до каде се работите на изградбата на градинката, на што добивме одговор дека тие по изборите ќе ја утврделе потребата од изградба на таков објект! Нам тоа ни беше многу чудно, зашто една таква потреба веќе е утврдена, а цениме дека ако ние се држиме до ветувањето тоа треба да го прави и општината, изјави министерката Мила Царовска за ТВ Ирис.

Овде се поставува прашањето за логиката на градоначалникот. Прашање е според која логика тој ќе утврдува нешто што одамна е утврдено како приоритетна потреба на Штип, а кое беше потврдено и на претпоследната седница на Советот на општината.

Дали во наплив на гнев од се позивесното губење на најважната градска позиција Захариев како свои жртви ги зема и штипските деца кои имаат потреба од сместување во градинка?

Одговорот ќе го дадат штипјани на 15 октомври, а тој е сосема извесен: шут картон за Нарцисот од Ѕвегор..

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе