ШТИП: „Нов културен бран 2019“ со Ревизор пред штипјани

Штип, 12.11.2019

Култниот Ревизор на Гогољ, на 15 овој месец (петок) доаѓа на сцената во големата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип. По претставите прикажани во Скопје и Битола, Ревизор се дава вечерва и пред Кумановци за во петок во него да уживаат театарските сладокусци во градот под Исарот.

Се работи за проектот „Нов културен бран 2019“ финансиран од Министерството за култура. Во претставата играат актерите кои неодамна дипломираа на ФДУ во класата на Мими Таневска Србиновска и Ангелчо Илиевски.

kk01_800x534Улогите ги толкуваат:

Антон Антонович – Томислав Давидовски

Ана Андреевна – Стефанија Митовска

Марија Антоновна – Наталија Ристеска

Лука Лукич Хлопов – Благој Јовановски

Амос Фjодорович Лјапкин Тјапкин – Виктор Велевски

Артемиј Филипович Земњаника – Исмет Шабановиќ

Иван Кузмич Шпкеин – Стефан Спасов

Петар Иванович Допчински – Дарко Ристовски

Петар Иванович Бопчински – Maрјан Наумов

Иван Александрович Хлестаков – Кристијан Танчевски

Февроња Петровна Пошљапкина – Изабела Јакимова

Подофицирката Ивановна – Ана Димитров

Претставата е изведена повеќе од 15 пати, во склоп на Факултетот за драмски уметности, Драмскиот Театар во Скопје, Театар Комедија во Скопје, Прилепскиот Театар Марко Цепенков во склоп на фестивалот Војдан Черднодрински и меѓународниот студентски театарски фестивал Дионис во Хрватска, каде освои награда за најдобра претстава. Популарноста на претставата беше искористена и за обезбедување средства за хуманитарни цели.

„Ревизор” е социјална и морална сатира која ја играат 12 актери, според текстот на Николај Василевич Гогољ. Истата вклучува 5 чина кои се изведуваат во времетраење од 90 минути. Целта на претставата е преку комичен начин да ја прикаже корупцијата која постои во една руска провинција. Дејството се одвива во Русија во првата половина од 19 век каде во едно мало село се очекува да пристигне важна личност – ревизор. Но, на местото на важната личност, доаѓа некој друг за кој сите претпоставуваат дека е ревизорот. Целата конфузија создава комични сцени, анегдоти и неочекувани настани и недоразбирања.

Студентите од трета година на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на професорката Мими Таневска со претставата „Ревизор“ освоија награда за најдобра претстава на фестивалот на театарските академии „Диониз“ во хравтскиот град Ѓаково.

На фестивалот, што го организира Уметничката академија од Осјек, учествуваа и студенти од академии од Загреб, Сплит, Австрија, Германија и Романија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе