ШТИП: Осветлување на клисурата кај Ново Село

Штип, 29.05.2020

Клисурата покрај реката Брегалница кај Ново Село, покрај патот кој води од Штип кон Радовиш, одтаму и кон Струмица, е во фаза на осветлување. Оваа критична делница во услови на неосветленост, честопати знаела да биде критична за сообраќајот.

-Ќе бидат поставени 22 столбови високи секој по девет метри а клисурата и влезот во Ново Светло ќе го осветлуваат лед светилки. Столбовите се поставуваат во должина од 600 метри, а целата инвестиција вреди 1,7 милиони денари. Ќе биде осветлен патот од мостот на Брегалница кај Ново Село, до училиштето „Искра“, информира градоначалникот Благој Бочварски.

Според Бочварски ваква инвестиција е реализирана и на влезот во градот од насока на Велес и Скопје, односно од Кампус 4, што говори дека влезовите на Штип добиваат нов лик.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе