ШТИП: Отстранета и последната пречка, новата детска граника може да се гради

Штип, 21.03.2018

Штип може да ги започне подготовките за изградба на новата детска градинка во најживата и со народ најмлада урбана заедница „Сењак“. На вчерашната седница Владата на Република Македонија на општина Штип му го додели на трајно користење земјиштето на кое ќе се гради градинката која актуелната локална  власт ја најави во предизборието.

24301354_1672059319524829_5135140232377208306_nНова детска градинка на регионалниот центар му е одамна потребна зашто анализите говорат дека близу 200 дечиња чекаат на квалитетно сместување и престој во градинка. Тоа ќе значи и одмор за нивните баби и дедовци кои, кога нивните родители се на работа мораат да ги чуваат зашто друго решение не постои. Половина од децата кои чекаат на сместување во градинка и по сите стандарди се токму од населбата „Сењак“ на која и се блиски и населбите „Дузлак“, „Баби“, „8 Ноември“…

24131585_1672059316191496_4655674676665843922_nШтип во последните 30 години не изградил нова градинка за децата, а ова ќе биде прва инвестиција во градот со околу 45.000 жители во годините на самостојноста на нашата држава.

Новата градинка ќе биде со капацитет од 150 деца, а нејзината изградба се очекува да започне пролетва.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе