ШТИП: Пат за три села – 5,6 милиони денари

Штип, 19.07.2019

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски во име на Општината, потпиша договор со Министерство за локана самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој за изградба на уште една делница од локалниот пат Шашаварлија – Кошево – Почивало. Се работи за делница од 3.500 метри квадратни во вредност од 5,6 милиони денари која дел ќе бие финансиран од Владата, а дел од Општина Штип.

„Можам да кажам дека на овој повик успеавме да добиеме средства за да реализираме уште 3500 метри квадратни нова асфалтна површина со вредност од 5,6 милиони денари од коишто еден дел ќе биде кофинансиран од страна на Општина Штип, а дел ќе биде поддршка од страна на централната власт.

Претходно добивме средства за 14.000 метри квадратни исто така асфалтна површина на овој многу важен локален пат. Вкупната вредност на средства за овие две делници, едната од Бирото за рамномерен и регионален развој, другата од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се 29.000.000 милиони денари или близу 500.000 евра,“ изјави Бочварски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе