ШТИП: Поставени 30 контејнери за селективен отпад

Штип, 20.05.2020

Во соработка со компанијата ,,Пакомак’’ , а врз основа на потпишан Меморандум , денес во Општина Штип се поставуваа контејнери за селектиран отпад-стакло. Триесетте контејнери се поставевуваат пред сите основни и средни училишта, детски градинки како и на повеќе фрекфентни локации во градот.

,,Досега имаме поставено вакви контејнери за електронски отпад а , во наредниот период ќе поставиме контејнери за селектиран отпад-пластика’, информира градоначалникот Благој Бочварски.

Тој упати апел до граѓаните да вршат селекција на отпад затоа што живееме во ново време каде треба да ги почитуваме сите европски стандарди и препораки со цел да живееме во поздрава животна средина.

Истовремено, денес ЈП –Исар чистеше кабест, габаритен отпад и градежен шут до контејнерите за одлагање на Комунален цврст отпад во строгиот центар, отпад создаден од несовесни граѓани.

Граѓаните кои непрописно ќе одлагаат шут, ѓубре и со тоа ќе создаваат диви депонии ќе бидат казнувани.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе