ШТИП: По пауза од 35 години предадена во употреба нова детска градинка

Штип, 28.12.2019

Штип го доби најубавиот Новогодишен подарок. Тоа е новата детска градинка „Виножито“ која ќе работи во состав на детската градинка „Астибо“. Значењето на  овој исклучителен потфат беше збогатено со присуството на свеченоста на Оливер Спасовски, министер во министерството за внатрешни работи и иден технички премиер, Горан Милевски, министер за локална самоуправа, градоначалникот Благој Бочварски, претседателот на Советот на општина Штип Јане Миланов, советници, јавни и културни работници, директори на училишта, општественици и многу народ желен да го види првиот капитален објект во Штип после толку многу години

dtgr01
Бочварски

Обраќајќи се пред присутните градоначалникот Бочварски рече дека Штип е првиот град во нашата држава кој комплетно и комплексно го реши прашањето со згрижување на сите деца. Имено, пред актуелната локална власт во својата четиригодишна програма да ја вметне детската градинка, анализите укажаа на една ваква потреба. Според тие анализи, во Штип имаше околу 200 млади семејства кои бараа нивните деца, додека тие се на работа, да бидат сместени во градинка.

„Ми претставува огромна чест, но и гордост и лична сатисфакција што денеска се собравме на вака убав настан за да го прославиме отворањето на новата детска градинка „Виножито“ во населба Сењак. Ова е еден од најважните капитални проекти за Општина Штип, којшто го ветивме во предизборната кампања. Ваков објект триесет години не е изграден во Општина Штип, а само две години од преземањето на локална власт, присуствуваме на неговото отворање“, рече градоначалникот Бочварски во пригодниот говор.

Според таткото на Штип, со изградбата на оваа градинка тој се зафатил уште на самиот почеток од својот мандат.

„Не се занимавав со барање изговори или оправдувања, туку презедов акција, покажав самоиницијатива, се борев и се изборив за да го добиеме овој значаен објект. Детската градинка „Виножито“ денес нѐ импресионира со шаренилото на можости кои ги нуди за секое дете: можности за добро воспитување, за дружба, за учење, за развивање емпатија, но и општествена одговорност кај најмалите, кај оние за кои градиме подобра иднина. Оваа зграда ја изградивме од темел. Горд сум што на местото каде порано имаше руини и неуреденост, сега ние, сите граѓани и граѓанки на Штип, добиваме нов и корисен објект кој придонесува за општествената кохезија и за дополнително сплотување на заедницата“, рече Бочварски.

Инаку во овој објект се инвестирани околу 60 милион денари (еден милион евра) од кои пари 37 милиони денари се пари од буџетот на општина Штип. Градинката „Виножито“ е градена согласно највисоките стандарди за енергетски ефикасен објект, и според светските стандарди на потребите на децата во една современа градинка. Градинката има корисен простор од 1.600 метри квадратни и таа е прв ваков објект кој се гради во Штип после пауза од 35 години.

dtgr03
Спасовски

Пред присутните се обрати и идниот технички премиер Оливер Спасовски.

„Нема подобро од тоа да се инвестира, да се вложува во децата, во образованието и со тоа да ја градиме нашата иднина. Искрено сакам да му оддадам признание на градоначалникот Благој Бочварски поради неговите напори да може да реализира што поголем број капитални инвестици во Штип. Бочварски се одлучи да финансира во нешто што е потреба на граѓаните. Во училишта, градинки, спортски објекти, улици, паркови…Тоа е вистинската легитимација на вистински градоначалник кој правилно и за вистинските потреби на граѓаните ги троши средствата на даночните обврзници на Штип“, рече Спасовсски.

Спасовски ја изрази пооддршката која оваа влада ја дава на Штип и на целиот регион и најави дека и во иднина владата ќе ги помага и поддржува проектите кои се од капитално значење, односно и во 2020 година ќе биде посветена на реализирање вакви капитални проекти каква што е детската градинка „Виножито“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе