ШТИП: По победата на ВМРО ДПМНЕ Истокот ќе го добие приматот кој го заслужува

Штип, 30.07.2020

Во денешното соопштение за јавноста Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ порача дека после овие избори и победата на ВМРО-ДПМНЕ, Истокот повторно ќе го добие приматот кој го заслужува.

-Во програмата Обнова се предвидени низа проекти за раст и развој на источниот регион, нешто кое не беше случај изминативе три години.

Предвидуваме завршување на експресните патишта од Штип кон Кочани и Радовиш, ќе ја  завршиме Клиничката болница во застој, ќе го изградиме магистралниот гасовод Штип ‒ Радовиш ‒ Струмица ‒ Гевгелија, ќе изградиме делница за поврзување на Технолошко-индустриската развојна зона во Штип, ќе стимулираме инвестиции во спа и здравствени центри, како и многу други проекти.

Ние мора да го завршиме тоа што одамна беше почнато, а неспособната влада на СДС не го доврши. Ние мора да понудиме иднина на граѓаните во која ќе живеат квалитетно. Затоа, почитувани сограѓани, Обновата е патот по кој треба да тргнеме заедно во наредниот период, рекоа од ВМРО ДПМНЕ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе