ШТИП: Прес на СДСМ за растот на платите…

Штип, 04.12.2019

На прес конференција Александар Кангалов, првиот човек на Општинската организација на СДСМ во Штип, зборуваше за растот на платите како  на минималната исто така и платите во повеќе сегменти.

-Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува и докажува дека вистински се грижи за сите граѓани. Уште една потврда за тоа е последното покачување на платите на вработените во сите сектори.

Обезбедивме законски утврдена минимална плата од 14.500 денари во сите сектори, без исклучок. За две години ја зголемивме минималната плата за 5.500 денари. Истовремено, државата ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари за сите компании од приватниот сектор кои ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците.

Приоритет на Владата предводена од СДСМ е да создаваме квалитетни работни места и да го вратиме достоинството на секој работник, а не да промовираме евтина работна сила. Не само што ја гарантираме минималната плата со Закон, туку и континуирано ја покачуваме и ја изедначивме за сите сектори.

Понатаму, растат платите на вработените во основното, средното и високото образование. Во јануари ќе настапи третото покачување на платите на наставничкиот кадар, откако претходно две години по ред со септемвриските плати добија покачување за околу 5 отсто. Севкупно, наставниците за еден нецел мандат на Владата предводена од СДСМ, добиваат повисоки плати за 20 отсто.

Со ова вистинско вреднување на трудот на наставниците, Владата предводена од СДСМ го подобрува образовниот процес и го поставува дигнитетот на наставничката професија на повисоко ниво.

Растат и платите во здравството. Платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти.

Со зголемувањето на платите во здравството, СДСМ го враќа достоинството на здравствените работници.

СДСМ ќе продолжи и понатаму да работи на зголемување на платите во сите сектори, како и на подобрување на условите во кои работат работниците, затоа што веруваме дека задоволни и финансиски стимулирани граѓани сочинуваат квалитетни и посакувани општества.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе