ШТИП: Продолжува изградбата на нова улица во населбата Баби

Штип, 16.11.2018

Денеска градоначалникот на Општина Штип , Благој Бочварски изврши увид во градежните активности на нова улица во населба Баби. Се работи за пробивање на комплетно нова улица со должина од 105 метри, тампонирање и асфалтирање на истата која ќе чини 1.000.000 денари со вклучено ДДВ.

BABI ULICA 1Денеска продолжуваме со изградбата на нова улица во населбата Баби. Се работи за улицата 11 Конгрес, едно продолжение на постоечката улица којашто беше доста потребна и во разговорите со граѓаните овде беше посочувано дека е еден од клучните проблеми за овој дел од населбата“, рече Бочварски.

Според градоначалникот изработена е проектна документација, а потоа и тендерска постапка за да влеземе веќе во реализација.

„Времето не послужи за во овој период да сработиме дел од инфраструктурата овде. Се работи за изградба на нова улица со вредност од 1.000.000 денари, со ископ на земјени работи, тампонирање и потоа асфалтирање на оваа улица,“ изјави Бочварски.

Општина Штип за една година во населбата Баби има инвестиција од околу 9,3 милиони денари, за изградба на неколку други улици, водоводи и канализации.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе