Штип решава инфраструктурни потреби во населбата „Осми ноември“

Штип, 21.05.2018

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, заедно со директорот на ЈП Стипион Сашо Протогереов, извршија увид во реконструкцијата на тротоарот на Булевар „ЈНА“ во населбата Осми Ноември. Во оваа населба, по подолго време, повторно се вложува во инфраструктурата. Имено, деновиве работните единици на ЈП „Стипион 2011“ работат на реконструкција на еден од тротоарите на Булевар „ЈНА“, којашто беше и повеќе од потребна. Тротоарите во оваа населба со децении не се одржуваа, а тоа предизвикува проблем во движењето на пешаците во оваа населба. Тој пропуст се исправа и сега оваа населба се разубавува со тоа што се вложува во нејзината инфраструктура. Освен што во овој дел населбата ќе добие поубав лик, исто така и значително ќе се подобри квалитетот на секојдневието на жителите на оваа населба.

az001„ Покрај реконструкцијата, работиме на решавање на уште еден инфраструктурен проблем, бидејќи работиме одговорно и сакаме кога веќе работиме во оваа населба да сработиме сѐ што е на овој потег. Во овој момент се работи на атмосферска канализација, бидејќи граѓаните овде знаат дека при помали врнежи со дожд, нивните подруми се полнеа со вода поради оштетената и нефункционална атмосферска канализација. Целата инвестиција е околу 1.750.000 денари, а изведувач на работите е ЈП „Стипион 2011“. Продолжуваме понатаму со изградба на нова, квалитетна инфраструктура за нашите граѓани,“ посочи градоначалникот Бочварски.

Реконструкцијата на тротоарот се изведува со бехатон и рабници на тротоар во должина од 320 метри, а ширина од 3 метри. Целата реконструирана површина ќе изнесува околу 960 метри квадратни, односно овој тротоар ќе биде реконструиран во целост, од градскиот стадион, па сѐ до градинката. Реконструкцијата на овој тротоар ќе чини околу 1.750.000 денари. Истовремено со реконструкцијата се изведува и атмосферска канализација.

Бочварски вели дека новата локална власт вложува во инфраструктурата и во подобрување на квалитетот на секојдневното живеење на граѓаните на Штип. Како пропратна активност во населбата Осми Ноември е и обновувањето на парковите површини во паркот, со што ќе се додадат нови содржини, а постоечките ќе бидат освежени. Сѐво корист на граѓаните.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе