ШТИП: Ротари клубот со акција – Божик за сите

Штип, 17.12.2018

Ротари клубот Штип и оваа година организира акција Купете и подарете.

Купувајќи за Вас и Вашите блиски оставете трајни прехрабени производи како и средства за хигиена и средства за домаќинство.

Оставете ги на специјално означено место со наш постер. Ние ќе ги спакуваме и подариме на социјално загрозени семејства во Штип. Собирни пунктови ќе пронајдете во Зендолино Маркет (8ми Ноември) и СУПЕР КИТ ГО (Поранешен Туш) Автокоманда, како и во Градската Библиотека Гоце Делчев во Штип.

Голема благодарност до Супер Кит Го маркети и Зендолино Маркети / Zendolino Marketi . Ги повикуваме сите компании и лица од Штип да донираат во рамки на своите можности.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе