ШТИП: Слики од Меѓународната струмичка ликовна колонија изложени во Домот на култура „Ацо Шопов“

Штип, 15.11.2022

315518998_671581034477150_6938236686759125246_nТриесеттина слики од 59-та Меѓународна струмичка ликовна колонија се изложени денес во уметничката „Галерија 22“ при Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип. Изложбата, со пригоден говор, ја отвори писателот Трајче Кацаров.

Струмичката ликовна колонија е една од најстарите институции од ваков карактер. Годинава колонијата се одржа од 5 до 15 август, а учествуваа дваесет уметници од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Чешка.

Во „Галерија 22“ во Штип беа изложени триесеттина слики изработени за време на одржувањето на колонијата.

Струмичката ликовна колонија во Градот под Беласица остави траен белег со илјадници уметнички дела кои и денес ги красат бројните институции и стопански организации во градот како и домовите на љубители на сликарството.

315521778_523127106340279_4411126446656057605_n

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе