ШТИП: Слики од Струмичката ликовна колонија во Домот на култура „Ацо Шопов“

Штип, 30.11.2020

Домот на култура „Ацо Шопов“ им приреди на штипјани уште едно убаво доживување со денешното отворање на изложба на слики од Струмичката меѓународна ликовна колонија.

za02-На изложбата се поставени 21 дело од пребогатиот опус на оваа колонија, опус во кој, во историјата на повеќедецениското постоење се создадени над 2.400 уметнички дела од 1.700 учесници. Сликите од оваа колонија ги красат ѕидовите на многу институции во Струмица, а еден дел се депонирани во Домот на култура „Антон Панов“ во Струмица. Штипјани секоја година можат да видат дел од тоа уметничко богатство преку изложбата која ја прави Домот на култура „Ацо Шопов“ како дел од Центарот за култура, рече на отворањето м-р Трајче Кацаров, писател и литературен критичар.

Изложбата ќе биде отворена за посетители секој ден од 10 до 12 часот, а заинтересираните истата ќе можат да ја проследат со почитување на сите здравствени протоколи.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе