ШТИП: Со врби и тополи ќе се чува коритото на Брегалница од ерозија

Штип, 04.12.2019

Точно 1.500 садници од топола и врба ќе се засадат денес покрај коритото ан реката Брегалница, втора по големина река во државата која носи живот за неколку стотици илјади семејства во општините долж нејзиното корито.

Денес, во 11 часот, кај селото Софилари, ќе се започне со пошумувањето на кое ќе присуствуваат Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање и Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Со новите задници ќе се влијае на подобрување на крајречната вегетација како и на спречување на ерозијата во речното корито со што се намалува можност од поголеми штети при поплави во овој дел од реката.

Акцијата ќе се одвива под мотото „Засади топола и врба, сочувај ги крајречните шуми долж Брегалница“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе