ШТИП: Суитлакот спасен од нелегална градба на станбени објекти

Штип, 19.03.2019

Локалната власт спречи изградба на стамбени објекти во една од најубавите населби во градот, тоа е месноста Суилтак.

Претходната локална власт имала идеи во делот на генералниот урбанистички план да овде во оваа зелена зона изникнат стамбени објекти.

суитлак„Сакам да потврдам дека во разработката на новиот генерален урбанистички план на новата локална власт идејата за изградба на стамбени згради е запрена. Повторно овој дел се врака во намена Д, зеленило спорт и рекреација,“ изјави градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Локалната власт има за цел овој дел од градот да се развива за спорт и рекреација и во компактибилните намени коишто ги предвидува таа Д намена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе