ШТИП: Театрите од Штип и Вараждин потпишаа меморандум за соработка

Штип, 27.09.2021

Со потпишувањето на Меморандум за соработка народните театри од Штип и Вараждин (Хрватска) ги договорија начинот и целите на соработката.

Потписи на меморандумот ставија Горан Трајков, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип и Стојан Матавуљ, првенец на вараждинскиот народен театар како негов претставник.

-И досега ние имавме едно ниво на соработка но заедничка ни е проценката дека и театарот од Вараждин и нашиот театар имаат капацитети за таа соработка да добие на интензитет во двете насоки, рече Горан Трајков.

За Стојан Матавуљ ова е еден нов можен почеток на поинтензивна соработка помеѓу двете уметнички куќи.

-Заедно ќе разменуваме културни продукти создавани од двете страни. На двете страни е да ги одредат заедничките услуги за размена на културните добра. Соработката ќе се одвива врз основа на реципроцитет, рече Матавуљ.

Вараждин е град со околу 48.000 жители и развиен културен живот, а Штип има околу 45.000 жители и поради богатството на културни институции и настани во 2004 година беше првиот Град на културата во нашата држава.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе