ШТИП: Точно 5.946 пензионери аплицираа за финансиска помош која ќе почне да се дели од 28 овој месец

Штип, 14.04.2022

Ристе Нетков
Ристе Нетков

На повикот на Здружението на пензионери од Штип за доделување финансиска помош во ваучери во износ од по 1.000 денари, се јавија 5.946 од вкупно 9.500 пензионери, членови на Здружението. Одлуката на органите на ова здружение за финансиска помош на нивни членови со ниски пензии, според претседателот Ристе Нетков, е резултат на зголемените трошоци на живот кои настанаа како резултат на пандемијата со Ковид 19 и светската економска криза.

-Апликантите за помош се пензионери кои примаат пензии од најмалиот износ до најмногу 15.000 денари. Ги селектиравме според големината на пензиите, а први кои ќе ја добијат помошта во ваучери се нашите членови кои имаат пензија до  најмногу 10.000 денари, а која ќе почнат да ја добиваат од 28 овој месец.. Селекција моравме да вршиме и поради тоа што меѓу апликантите имаше и пензионери кои не се наши членови како и пензионери кои се наши членови но кои имаат добивано помош по други основи, вели Нетков.

277853288_965241384152824_2099002375766579300_nСпоред претседателот на штипското Здружението на пензионери, членовите кои имаат право на овој вид финансиска помош ќе бидат исплаќани од заштедените средства на самото здружение.

-Минатата година поради пандемијата откажавме многу од планираните настани како што се екскурзии, спортски натпревари, пензионерски дружења, а парите кои ни останаа ги користиме за овој вид помош на финансиски најзагрозените наши членови. Ние секој од корисниците на помошта ќе ги повикуваме телефонски да дојдат во здружението за да си ги подигнат ваучерите, појаснува Нетков,

278184326_713020516404984_8312258033607683031_nПовикот на Здружението на пензионери за аплицирање за овој вид социјална помош, според Нетков, многу помогнал здружението да се отвори кон јавноста и да стане препознатливо за штипјани.

-Половина од нашите членови не знаеја дека нашето здружение доделува разни видови на помошти, а 20 проценти од нив не знаеја каде се наоѓа нивното здружение. Сега, благодарение и на оваа наша идеја но и на медиумите кои коректно известуваа за тоа, и таа пречка е надмината, вели Нетков.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе