ШТИП: Утре во 13 часот во библиотеката промоција на книга на Кацаров во чест на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев

Штип, 03.02.2022

По повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, националната установа-Универзитетска библиотека која го носи името на великанот на македонската револуционерна борба, организира промоција на книгата „Чекорење во осаменост“ на писателот м-р Трајче Кацаров.

Тодор Џидров, директор на инстритуцијата која го организира настанот информира дека истиот ќе се одржи во библиотеката во 13 часот, а промотори ќе бидат Роберто Поп Димитров и Иван Бојаџиски, ученици од ОУ „Гоце Делчев“ ќе читаат фрагменти од текстови за Гоце додека ученици од ДМУЦ „Сегеј Михајлов“ ќе исполнат неколку музички точки.

Во склопот на настанот ќе биде отворена и изложба на слики од ликови и настани поврзани со илинденскиот период.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе