ШТИП: Утре започнува изборната кампања, право на глас имаат 41.777 граѓани

Штип, 20.11.2020

Изборната кампања за избор на градоначалници на општините Штип и Пласница започнува утре. Државнaта изборна комисија денес го заклучи избирачкиот список на кој, во Општина Штип се запишани имињата на 41.777 полнолетни граѓани со право на глас.

00001Според ДИК од 41.777 гласачи во Општина Штип 39.605 лица живеат во општината, 2.103 лица се со привремен престој или се на работа во странство, 67 лица се во затвор, а две лица престојуваат во домови за вонсемејна заштита.

Изборите се закажани за 13 декември годинава, два дена претходно ќе можат да гласат болните од корона вирусот.

Во Штип за градоначалничката функција има петмина кандидати. Тоа се: д-р Сашко Николов кој е кандидат на СДСМ и коалицијата, Сиомон Пиликарп-Џими, кандидат на партијата Интегра, Лазар Наумов од партијата ТМРО, Гоце Ангелов, кој не е член на ниту една партија но на овие избори е кандидат на коалицијата „Иднината во наши раце“ и Трајчо Митев, независен кандидат кој навреме ги собра потребните граѓански гласови за својата кандидатура.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе