ШТИП: Утре избор на спортист на годината

Штип, 09.01.2019

Штип утре го избира спортистот на 2018 година. Сите почести ќе му бидат укажани на 26 годишниот Емил Павлов, европски првак во карате, кој оваа титула ја освои лани на европското првенство во Нови Сад, а Комисијата за избор на спортист на годината му го додели највредното признание за посебни остварувања во спорот. Емил Павлов, претходно е избран и за спортист на годината на Македонија..

emil pavlovЉубителите на спортот од Штип утре, четврток 10 јануари, во Мултимедијалниот општински центар „Киро Глигоров“ во 19 часот  ќе можат да го проследат и доделувањето на признанијата за спортски остварувања во пионерска, јуниорска, сениорска конкуренција, да ги видат најдобрите екипи, тренери и спортски работници.

Штип традиционално, со години на ред, на ваков начин им укажува почит на младите спортисти кои се позитивни репрезенти на градот под Исарот.

Влезот во ОМЦ „Киро Глигоров“ е слободен.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе