ШТИП: Утре свечено отворање на „Галерија 22“ во Домот на култура „Ацо Шопов“

Штип, 11.03.2022

Во домот на култура „Ацо Шопов“-Штип, утре точно на пладне, свечено ќе биде отворена за јавноста „Галерија 22“. Се работи за простор од 180 метри квадратни, кој и до сега служеше на уметноста, но и простор кој 40 години не беше „чепнат“, реновиран, модернизиран или обновен на било кој начин.

-Комплетното реновирање на просторот го направивме со сопствени сили. Во работата беше ангажиран целиот технички и стручен персонал, а кога утре свечено ќе ја отвориме галеријата штипјани нема да го препознаат местото во кое низ изминатите четири децении се случиле илјадници настани од областа на културата: ликовни изложби, музички промоции, промоции на книги, рецитали, вели Горан Трајков, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и главен иницијатор и креатор на оваа исклучително квалитетна промена. Инаку, токму овој простор и целиот дом е царство на културата во Штип, град кој во 2004 година беше прогласен за првиот Град на културата во независна Македонија.

Свеченото отворање е закажано за утре во 12 часот со сечење на лента и отворање на изложбата „Квадрат низ графики и цртежи“ и музичко интермецо на ученици од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“.

Во 12,30 часот новинарот и писател Гоце Ристовски ќе ја промовира поемата „Цветко“ од писателот Трајче Кацаров, која е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2021 година.

Во 13,10 часот КУД „Ристо Донев-Учителот“ ќе се претстави со изложба на народни носии, а десет минути потоа ќе биде промовирано списанието „Актант“ кое е во издание на Центарот за култура, а финансиски е поддржано од Министерството за култура и излегува како сепарат во весникот Штипски Глас. „Актант“ ќе го промвираат Горан Трајков и Трајче Кацаров.g02g03g04Во 13,30 часот ќе биде прес конференцијата за новинарите.

Вечерната програма е следнава:

18:оо часот проекција и илуминација пред платото на Домот на култура „Ацо Шопов“:

19:оо часот Отворање на  изложба на слики од жени уметнички од Штип, Виница и Кочани:

20:оо часот – Настап на балетско студио,

20,30 часот Забавна програма со настап на повеќе музички групи.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе