ШТИП: Уште две јавни расправи за креирање на буџетот

Штип, 17.12.2018

По одржувањето на двете јавни расправи за креирање на буџетот на Општина Штип за 2019 година, денеска во просториите на Општина Штип се одржаа уште две јавни расправи за креирање на буџетот на Општина Штип.

На овие јавни расправи присутни беа, претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов и директорите на ЈП „Стипион 2011“ и ЈП „Исар“.

DSC_0031Свое поздравно обраќање имаше претседателот на Совет на Општина Штип. Тој пред присутните ги презентираше веќе започнатите и реализираните проекти во текот на изминатата година кои произлегле од минатите јавни расправи со граѓаните од урбаните заедници.

Граѓаните од урбаните заедници, ги презентираа своите потреби, за разубавување и урбанизирање на местата кадешто тие живеат. Во наредната година Општина Штип ќе продолжи да ги исполнува потребите на граѓаните.

Денеска завршија сите јавни расправи за буџетот на Општина Штип за 2019 година.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе