ШТИП: Фантастична изложба на Десислава Минчева

Штип, 17.10.2018

Десислава Минчева, бугарска уметница-сликарка, професорка на Националната академија на уметности во Софија, Бугарија,  вечерва во Штип, во уметничката галерија Безистен приреди фантастична ликовна изложба. Голем број посетители кои дојдоа на отворањето на изложбата искажаа голема почит кон уметничкот дело на Минчева која по вторпат изложува во Штип.

DESISLAVA CITKUSЗа уметноста на Десислава Минчева говореше Зоран Читкушев од штипскиот музеј. Тој рече дека етаблираната бугарска уметница, која е позната и во многу држави надвор од родната земја, пред штипската публика се претставува со триесеттина свои слики инспирирани од природата и од луѓето.

DESISLAVA PUBLIKAВо кусиот разговор за нашиот портал уметницата Минчева рече дека со најголемо задоволство доаѓа да изложува во Штип, во Македонија.-

„Имав две изложби во Скопје, а сега можам да кажам дека две изложби сум имала и во Штип. Во Македонија сум изложувала само во овие два града. Немам многу слободно време зашто работам како професор по ликовна уметност на Академијата во Софија, сакам да бидам со моите студенти, а во исто време имам и многу понуди за изложби во и надвор од Бугарија, ни рече 54 годишната уметница.

DESISLAVA MAZПошироко интервју со Десислава Минчева во кое таа говори за состојбата на уметниците во нејзината земја и на Балканот, за младите и нивната наклонетост кон уметноста, за третманот на уметноста  во нејзината земја,за односот на медиумите кон уметничките настани, ќе донесеме утре на овој портал.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе