ШТИП: Фестивалот за деца „Весело Штурче“ се враќа на штипската музичка сцена

Штип, 13.04.2022

Талентираните за музика деца од целата наша држава ќе можат да ги искажат своите пејачки способности на обновениот фестивал за деца – Весело Штурче кој ќе се одржи во втората половина на месец септември во Штип, во големата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“.

278159605_3111414549119734_1607102225360104699_n
Филип Стевановски

-Го обновуваме фестивалот по пауза од речиси две децении. Идејата ни е да им дадеме шанса на децата од 6 до 12 години да ги искажат своите вокални способности на големата културна и музичка сцена во Штип a преку ТВ пренос и на целата нација, вели Филип Стевановски, директор на ЗКУН – Уметност за сите во Штип, односно Здружение за култура, уметност и наука. Стевановски е и директор на фестивалот за деца „Весело Штурче“.

Конкурсот за аудица за учество на фестивалот е распипшан на 11 овој месец и ќе трае се до први јуни годинава. По пат на аудиција ќе бидат избрани од 18 до 20 интерпретатори.

-Во нашата држава има многу талентирани за музика деца, тие само бараат можност јавно да ги покажат своите способности. Преку вакви фестивали некои супер таленти подоцна стануваат неизбежен дел од македонската музичка сцена, а некои прават и интернационална кариера, коментира Стевановски.

За квалитетна организација на фестивалот формирани се Организациски одбор и Уметнички совет.

Заинтересираните можат да го видат конкурсот на www.veselosturce.mk

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе