ШТИП: Чествување на борците и осмоноемвриските награди во центарот на одбележувањето на Денот на ослободувањето

Штип, 08.11.2018

Штип денес ја одбележа 74 годишнина од ослободувањето. По тој повод делегации на Општина Штип, на Советот на општината, на Боречката организација, на СДСМ, на Општина Карбинци положија свежо цвеќе во Алејата на народните херои пред спомен-бистата на генерал Михајло Апостолски, кој е роден на денешен ден во 1906 година, а кој ден, во 1944 година, ќе му ја донесе слободата на градот. Букети свежо цвеќе беa положени и на Споменикот на револуцијата на средновековната тврдина Исар. За значењето на НОБ и Денот кој на Штип му ја најави слободата говореше градоначалникот Благој Бочварски, а ученици од ОУ „Ванчо Прке“ читаа наградени лични творби во чест на својот град. Посебно значење на настанот му даде Градскиот дувачки оркестар кој, меѓу другото, ја исполни и химната на Македонија.

45808195_2214827348844562_6153872185871040512_nНа свечената седница во големата сала на општината, пред присутните се обрати градоначалникот Бочварски кој Осми ноември го нарече најзначањен ден во штипската историја, ден кога борците на НОБ на градот му ја донеле слободата. Седницата ја отвори Градскиот хор со изведба на националната химна.

„Многу генерации политичари во важни – историски моменти носеле важани одлуки за државата, а задача на новата генерација политичари е да ги чува и негува овие остварувања и да гради политики кои нашата држава ќе ја однесат во друштвото на просперитетните европски и светски нации и држави“, рече Бочварски. Тој потоа зборуваше за остварените резултати на актуелната локална власт во изминатата една година.

Потоа на Кире Гогов, сопственик на компанијата „Кит Го“ му беше врачена наградата Осми ноември за општествена одговорност, доцент д-р Билјана Балабанова признанието си го заслужи за својата научна работа на Земјоделскиот факултет при УГД, актерката Јелена Јованова е наградена за работа на полето на театарската и филмска уметност, а новинарот Мишко Иванов за подигање на стандардите во новинарството. Ним  наградите им ги врачи градоначалникот Благој Бочварски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе