ШТИП: Што беше, и дали тоа што е денес е подобро од тоа што беше?

Штип, 20.03.2019

На увид на штипјани им даваме две фотографии. Првата е оде пред доаѓањето на Илчо Захариев за градоначалник, втората е дел од неговите “градителски подвизи“ во Штип.

Збор е за едно од најкултните места на градот, малиот, убаво среден парк кај хотелот Оаза како продукт на поранешни, нормални времиња, и истата локација денес „изработена“ според архитектонската визија на Илчо од четирите години на неговото владеење со Штип.

stip-stara-slikaНа првата слика се гледа убав парк, негувана трева, дрвја кои прават убави сенки, клупи за одмор, патеки за прошетки.

54388228_273988593531307_8065794555770830848_nНа втората гледаме куп железо, кое Илчо го именува како „парк на Макфест“ со што влезе во гинисовата книга на рекорди и секакви глупости кога куп железо, бетон и челик ги именува како „парк“.

Штип имал видни урбансти, квалитетни мислители и градители, но трагите од градителското безумие на Илчо Захариев овој град и неговите граѓани уште долго ќе ги чувствуваат.

На штипјани е можноста да си кажат што им било подобро, поградски, попривлечено….Паркот како парк, или паркот како куп железо со име „Парк Макфест“

[poll id=”2″]

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе