ШТИП: Јубилејот на Ацо Шопов, поет и револуционер – културен спектакал

Роденденот на поетот и револуцонер Ацо Шопов во организација на Националната установа центар за култура во Штип која го носи неговото име денес беше на ниво на културен спектакал од највисоко ниво. Свечено беше отворена за посетителите просторијата „Од патот до успехот-награди и признанија“ која е дел од импонзантната спомен соба на поетот во Домот на култура „Ацо Шопов“, музички точки изведоа ученици во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ а  за делото на Шопов беседеше проф.д-р Јованка Денкова од Универзитетот „Гоце Делчев“.

Студентите на Филолошкиот факултет при УГД: Верица Милорадова, Милена Тасева, Ване Дериволов, Мартина Спасевска и Елена Соколовска настапија со фрагменти од преведувачката дејноста на Ацо Шопов.

Во рамките на настанот беше промовирана книгата „Чекорење во осаменост“ излезена од креативната писателска работилница на м-р Трајче Кацаров кој годинава слави 35 години работа како поет, раскажувач,есеист и драмски автори, а беа доделени и признанија на институции и поединци кои со својата посветена работа на промоција на културните добра во организација на НУЦК „Ацо Шопов“ придонесоа за афирмација на оваа институција од областа на културата.

Добитници на признанијата се:

Горан Кавраков, директор на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, за исклучителен допринос за ширење на музичката култура во и надвор од границите на нашата држава:

Иван Бојаџиски, за 60 години работа во новинарството и континуиран придонес во сферата на клтурата;

ЕМ НЕТ ТВ за следење на културните содржини на НУЦК „Ацо Шопов“:

Викторија Јованова, новинарка, за активно следење и информирање за културните содржини на НУЦК „Ацо Шопов“:

Медиумска информативна агенција (МИА) за редовна објава на информациите во однос на културните производи на НУЦК „Ацо Шопов“:

Аристид Пецев, за континуирана присутност во издавачката дејност:

КУД Ридсто Донев-Учителот, за афирмација и популаризација на фолклорот;

Милорад Ангелов, актер во ШНТ  за најдолговремена присутност во претставите одиграни на сцената на НУЦК „Ацо Шопов“ и на

Тимчо Арсовски, вработен во оваа установа за целосна посветеност и реализација на работните задачи.

Untitled-1

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе