ШТИП: Џабе драма, виничанецот нема корона вирус

Штип, 29.02.2020

Пациентот кој по прегледот побегнал од изолираниот дел при инфективното одделение во штипската Клиничка болница и се вратил во родното село Градец близу Виница нема корона вирус. По драмата која се случувала минатата ноќ, и бегството на лицетот кое инаку сезонски работело во Италија, Виница и виничани, а и сите кои биле во допир со него, сега можат да бидат мирни.

Од Здравниот дом во Виница добивме информација дека лицето само се пријавило во Центарот за јавно здравје во Кочани поради симптоми на повишена температура. Од овој центар, а по индикации од епидемолог, лицето ургентно, со санитетско возило и придружба било транспортирано до инфективното одделение при штипската Клиничка болница. Откако таму му било извршено преглед лицето било оставено да почека на резултатот, но тоа го искористило моментот кога за миг останал сам, скршил еден прозорец и избегал во ноќта.

Веднаш била алармирана полицијата во Штип која под полна заштитна опрема против корона вирусот тргнала во потера по него. Синоќа околу 22 часот лицето било пронајдено дома во куќа во селото Градец.

Изутринава нешто после осум часот  Венко Данчев, директор на Здравниот дом во Виница го информирал дежурниот полициски слубеник дека резултатот од тестот на ова лице кое избегало од изолираното одделение за третирање на случаи со сомнение на корона вирус во штипската болница бил – НЕГАТИВЕН.

Инаку, според последните податоци од општина Виница во Италија, главно во областа Пиемонте работат околу 4.000 лица па затоа секоја информација во однос на корона вирусот, а со оглед на состојбата во Италија, во оваа општина се следи со посебно внимание. Во оваа област работат нешто над 15.000 македонци.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе