ШТИП: 11 Октомври и на Исарот и на свечена академија

Штип. 11.10.2018

Штип денес свечено го одбележа 11 Октомври, Денот на антифашистичкото востание. Организатор на свеченоста беше Општинската организација на Сојузот на борците од градот.

Претставници на боречката прганизација, на локалната самоуправа, на политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на АРМ, на универзитетот “Гоце Делчев“, на општина Карбинци положија свежо цвеќе на споменикот на револуцијата на штипската тврдина Исар. Претставник на СЗБ од НОБ одржа пригоден говор.

43500598_1890824301009862_2687284852977303552_nВо големата сала на општината се одржа свечена академија на која говореше  Трендафил Атанасовски, претседател на Конференцијата на боречката организација за Штип и Карбинци. Атанасовски потенцира дека во борбата за слобода од општините Штип и Карбинци своите животи ги дале 105 борци, а имало и над 800 цивилни жртви.

Во Вотрата светска војна од Македонија загинаа 25.000 борци и цивилни жртви,

Македонија даде 66 народни херои во тогашна Југославија, а  четворица од нив се од Штип: генерал Михајло Апостолски, Љупчо Арсов, Славчо Стојменски и Ванчо Прќе. Од регионот народни херои се и Кирил Михајловски-Груица од Виница и Лазар Колишевски од Свети Николе.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе