ШТИП: 75 години слободен Штип, доделени Осмоноемвриските признанија

Штип, 08.11.2019

Со свечена седница на Советот на Општина Штип во Мултикултурниот центар „Киро Глигоров“ и пред бројна публика, вечерва беше одбележан 8 Ноември, Денот на ослободувањето на Штип. Градот ја почувствува слободата пред точно 75 години.

Свеченоста ја отвори Јане Миланов, претседател на Советот на општина Штип кој на сите борци за слобода им се заблагодари за тоа што не ги жалеле своите животи за нашата слобода.

Градоначалникот Благој Бочварски рече дека Штип со право се титулира како универзитетски, економски, административен, културен и спортски центар.

-Денес ја чествуваме и величиме храброста на нашите сограѓани, прославуваме 75 години во кои Штип и птипјани живеат, опстојуваат и твроат слбодно, надградувајчи се со прифаќањето на предизвиците кои ги носи ново време, рече Бочварски,

Тој потсети дека од овој ден ја започнува третата година од својот мандат и дека во претходните две години Штип добил неколку значајни капитални објекти од значење за заедницата. Ги посочи новата детска градинка која ќе прими 200 деца кон крајот на годинава, рече дека во финална фаза е поставувањето на нов мост на Брегалница, населбата Балканска за првпат во својата историја на постоење добила чиста вода за пиење, изграден е кружен тек на влезот од градот, нова паркинг платформа…

Потоа Бочварски им го врачи признанието „8 Ноември“ на четворица штипјани и на една институција. Добитници се: Викторија Јованова, новинар на МИА, м-р Марија Максимова, професор по пијано во државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“, на д-р Ристе Љуботенски, стопанственик, сопственик на Имако вино, на Раде Ивановски, професионален пилот, страствен ракетен моделар и на Државниот музички училишен центар „Серѓеј Михајлов“. Сите тие признанијата го добија за посебно значајни оствараувања од значење за угледот на Штип.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе