„Јас, Итар Пејо“, во Свети Николе

Свети Николе, 04.09.2017

Есенва во Свети Николе, на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“,  ќе се одржи нов Интернационален фестивал на хумор, сатира и карикатура кој ќе го носи името на познатиот наш шегобиец, славниот Итар Пејо.

Датумот на одржување на фестивалот дополнително ќе биде утврден, а денес на МСУ беше формира Комисијата чија задача е да се грижи за регуларноста и добрата организација на фестивалот.

Во комисијата се Иван Бојаџиски, новинар и афористичар, претседател на централната комисија, Миле Ѓорѓијоски, познат афористичар, претседател на Комисијата за афоризам, проф. д-р Христо Петрески, кој раководи со Комисијата за хумореска и Јордан Поп Илиев, познат наш карикатурист кој ќе раководи со Комисијата за избор на најдобрите карикатури пристигнати по објавениот конкурс.

„Овој Интернационален фестивал го организираме со намера Центарот за култура при МСУ како високообразовна институција да даде свој драгоцен прилог во промоцијата на националното творештво во оваа значајна област од сферата на културата, но и да имаме увид во она кое светот го прави во оваа инспиративна област“, вели д-р Јордан Ѓорчев, претседател на УО на МСУ.

Комисијата денес изврши увид во пристигнатите материјали по објавениот конкурс. Констатирано е дека се пристигнати афоризми од 49 автори, хуморески од 28 автори и карикатури од 72 автори. Меѓу оние кои конкурираат со свои дела се автори од Македонија, Србија, Tурција, Бугарија, Русија, Румунија, Хрватска, Унгарија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе