“Јас сум мажот на жена ми Станческа”!?

(Ја сам тај магарац, који је подигао магарац!?”)

“Уште од пред Троја, имало коњи, секакви коњи

имало и кобили, налицкани надвор од мерата!” (Ристо Лазаров – “Лавиринт”)

Не знам дали, навистина, “живот пише најбоље романе”, но сум сигурен дека животот е посилен од имагинацијата. Отсекогаш ме привлекувале, анегдотите, кои ги пишува животот, особено ако во нив има дух. Можеби затоа што (макар сте го читале и како нескромност), сакам да припаѓам мегу оние луге кои најмногу го чувствуваат духовниот терор. Мислам на духовните луге.

Од  новинарската младост, поводно (подолу ќе видете зошто!?), издвојувам една анегдота од реалниот живот. Имаше едно момче (мил Боже прости му душа – бевме и пријатели), кое беше предводник на групата, во физичките пресметки со “скопјаништата”!За да покаже колку е јак, крена магаре! Ај што крена, туку и го фотнаа (оригиналната е дел од мојата приватна архива!), а тој за еден српски, тогаш ЈУ- весник, даде интервју, кои тие,пак, го озаглавија вака: “Ја сам тај магарац, који је подигао магарац”!?

Јас не бев силен на мускули, денеска кога ја трошам седумдесетката – уште повеќе, ама бев силен на око!Во Школата за резервни официри, 1994, првата геренација во Битола (во неа беше и покојниот Лазар Китановски), имав успех “само” 10,00,  демек првенац  47- ме класе титове ЈНА! Поентата не е во фалбата! Туку во “прецизното око” со сите пешадиски орудија-од “кратка цевка” до бестрзаен топ. Како и јунакот од претходната приказна, свиткав лист (пред тоа на ФБ – профилот ја ставив “во приоритетните”, ловачката фотка со магнум-бокерицата!?), “због претњата” од “патриотите” дека “ќе ме бесат на ченгил” и  на полицијата, на писмено, и кажав дека, мускулите ми се истопија, па  повеќе нема да излегувам без “кратка цевка”!?

“Јас сум мажот на жена ми Станческа”!?

Приказната е малку поголема и оди вака:Синоќа, мојата драга ФБ-пријателка Нада Ступар, објави одлична сторија, по повод смената, извинете – ОСТАВКАТА и со “посвета” до “мадам” Анета Станчевска, помошник министер во МВР во Секторот за внатрешна контрола и ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ! Бидејќи и јас имав една сторија, се надополнавме со госпоѓа Нада.Како? Еве вака:

НАДА: Ееее еднаш,не така далеку кога обезбедував висок функционер, со мажот на Анета Станчевска кој исто така работеше во 6 та управа, (не знам можеби сеуште работи таму) се спречкавме за примена или не на едно од полициските овластувања. Одбив негова наредба и му образложив зошто. Навреден од моето полициско познавање, а негово непознавање, ми рече:
„Знаеш ли ти која ми е мене жена“, јас му одговарам, Не. Тој продолжува „Мене ми е жена Анета Станчевска“.
И- му велам јас. „Па да знаеш“ – ми вели тој.
На ова јас го прашувам „ А знаеш ли ти кој ми е маж мене“, тој вели Не. „Е, па мене маж ми е Никола Ступар“. Тој зачуден вели „ А кој е тој“. Јас му одговарам „ Е на тој Никола Ступар, сопруга му е Нада Ступар“ , продолжувам јас „А да те прашам јас тебе, ако не ти беше Анета Станчевска сопруга, ќе знаеше ли кој си“. Колегата до него се насмеа, го фати за рака, се извини во негово име и си заминаа.

ВЕЛЕ: Супер, Нада, токму како за пред спиење. Одавна, објавив статус, со писмото што ми го испрати, мадам Станческа, на една притужба, моја, за несоодветно однесување на шалтерски бирократ од охридската полиција, кој преку шалтерот, ми вели:Извади ја ја капата, да видам дали си ти овој од личнава карта? Во исти стил беше и одговорот на Станческа. Додека го најдам, еве нешто слично: На правниот факултет во Белград, полага студент, син на висок функционер. Студентот, со акал како “јас сум мажот на жена ми Станческа(!)”, нормално, добил “одлична петица”, па му вели на професорот: А, знате ли ви професоре ко ми је тата!? Е, за то сине, ќе мораш да питаш своју маму!? (од книгата “Завршна реч”, на пријателот од Белград, вечен вљубеник во Охрид, адвокатот Тома Фила).

Пробуричкав по тоа Фејсбукот и го најдов:Наведни се и симнија капата, пред  шалтерот на МВРО-ВМРО!? (ПРВ ДЕЛ)

На 19 декември минатата година, со читателите – пријателите на Фејсбук, го споделив моето искуство на денот, насловено како: “Наведни се и симнија ја капата пред шалтерот на МВР!?”Напишав:

Во сите земји, бирократски и како нашата – демократска, шалтерите се поставени многу ниско, во секој случај – под едно метро височина. Намената, односно причината насекаде е иста: Да се наведнете и да му се поклоните на бирократот, од другата стана на стаклото!Тоа го знаев откако си имам рабита со шалтерите и бирократите, ама до ден денешен, не знаев дека пред шалтерите, покрај поклонувањето, треба да се симне и капа!

Утринава, како и секој лојален граганин на оваа земја, се упатив во Секторот за внатрешни работи во Охрид, односно Управната служба, уште попрецизно – Одделението за сообраќај. Да си го регистрирам возилото. Документите подредени, наместени со спојката, му ги подавам на дежурниот од другата страна на шалтерот. Ги зема младото момче. Вели, помалку со струшки дијалект: Дај ми ја личната карта!

Ја вадам личната карта, му ја подавам. Се е подередно си велам, само печатот и датумот да ги стави. Арно, ама, од зад шалтерот допира строга констатација:
Ти не си Веле Митаноски!Како му велам да не сум, самиот да не знам, кој сум? Ти ли треба да ми кажеш кој сум, му возвраќам и јас на ист начин – со ТИ. Штом, нели, сме така “блиски”!

Не, вели, не си ти Веле Митаноски. Симни ја капата да те идентификувам!Пред тебе ли капа да симнам, му велам. Ти си овде да ги опслужуваш странките, a не да ги идентификуваш? Капата да ти ја симнуваат? Мораш, вели, си се замаскирал не можам да те идентификувам!Внатре една, ѓоа госпоѓа, и едно, исто така младо момче, слатко се посмевнуваат. Демек: Види овој нашиов како “го шета” оној пред шалтерот!

Би не би, се смилува момчето, ми ја подаде сообраќајната. Што да правам, сега, си велам?Ајде, прво да го испочитувам редот: Свиткав хартија, го опишав случајот, заверив доставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

Така, нели, не учи министерката Гордана Јанкулоска. Што не е доставено за проверка на професионалните стандарди, како и да не се случило. Сега очекувам професионално стандардна постапка. Ајде, да го видоме и тоа чудо!

Наведни се и симнија ја капата пред шалтерот на МВРО-ВМРО!?(ВТОР ДЕЛ)

Чекав, еве скоро два месеци и ја дочекав “професионалната стандардна постапка”.Во мегувреме, никој не ме повика да ме праша за случајот, ама затоа ме почестија со писмо и тоа потпишано – не од било кого, туку од д-р Анета Станчевска, актуелен помошник министер во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Уште и член на Поткомитетот за превенција од тортура и друг вид сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување на ОН.

Експерткава за “превенција од тортура и друг вид сурово, нечовечко или понижувачко постапување”, ми пишува:Ве известуваме дека од наша страна беа извршени проверки со посочениот референт, како и со останатите тројца присутни референти од рефератот за возачи и возила, при што се утврди дека истиот немал намера да Ве навреди, туку само постапувал согласно член 3 став 2 од Правилникот за начинот и постапката за регистрација на возила со цел Ваша идентификација како сопственик на ПМВ, а непосредно после настанот по телефонски пат упатил извинување према Вас. Помошник-министер Анета Станчевска.

Толку! Завршила “професионално стандардна постапка”! Завршил случајот, нема каде натаму! А, што мислите, како ќе поминев, ако – недај боже јас му ја извршев “идентификацијата” на референтот од д-р Станческа, а притоа – скраја било, му го сменев и “личниот опис”!? И, “непосредно после тоа – му упатев телефонско извинување”???!!!

“Би свадба помина”, поминаа двеикусур години, д-р Станчевска, вчера беше ја смениле, извинете-поднела оставка! Секому ќе му дојде неговото, ако умее да чека!Да чека и – да  начека!!!

 Веле Митаноски

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе