ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: со д-р Николов Штип ќе се европеизира Д-р САШКО НИКОЛОВ: Шанса за голем напредок на нашиот град

Штип, 28.11.2020

Кампањата за избор на градоначалник на Штип денеска беше збогатена со обраќањата на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и д-р Сашко Николов, кандидат за градоначалник на Штип од СДСМ и коалицијата.

Драго ми  е денеска што се приклучувам на централниот караван на СДСМ овде во Штип со поддршка и промоција на програмата во сигурни раце на ј-р Сашко Николов кандидат на СДСМ за Штип познат целиот регион и човек со кои во сигурни раце Штип може да продолжи да чекори напред, да се модернизира, европеизира и да продолжи развојот на општина Штип, рече генералниот скеретар на СДСМ на денешната прес конференција.

Николовски порача дека СДСМ е горда што стави силен аспект на Штип во изминативе неколку години и како централна власт, но владеаќката партија е горда и на политиките на општина Штип предводена од екс градоначалникот Благој Бочварски.

-Се изработија и реализираа 12 километри водоводна и канализациона мрежа. Се асфалтираа и реконструираа над 50 улици во Штип, но се изгради и детска градинка после неколку децении. Бевме сведоци на отворање на големиот мост пред неколку месеци во Штип, а во постапка се неколку крупни проекти коишто се значајни за општина Штип со поддршка на централната власт. Меѓу нив е еден од најзначајните проекти за којшто Штипјани се сведоци дека се зборува со децении. Денес на овој ден сме сведоци на финализирање на тендерската постапката за инвестицијата на браната на реката Отиња која ќе биде финансирана од Владата и од министерството кое што го предводи доскорашниот градоначалник Благој Бочварски, рече Николовски.

-Тој порача дека му било чест што како министер за земјодество дал силен акцент да се заврши целокупната организација и постапка и да преку МЗШВ се финализира и финансира целокупната неопходна документација која беше неопходна за денес зборуваме за оваа реалност, дека заврши тендерската постапка за избор на изведувач на браната на река Отиња.

-Има и многу други крупни проекти за коишто во следните неколку денови ќе зборуваме тука во Штип и ќе го промовираме кандидатот д-р Сашко Николов како и неговата програма за следниот период во сигурни раце. Продолжување на изградба на многу улици, на затворениот базен, да го заокружиме Градскиот Стадион. Се работи за програма во која се предвидени неколку крстосници, програма која овозможува продолжување на развојот на општина Штип. Затоа сметаме дека граѓаните на 13 декември после оваа целосно безбедна кампања во овие околности со заштита на здравјето на граѓаните ќе овозможиме одговорноста на граѓаните на 13 декември да биде со излегување на гласачките места и поддршка на кандидатот д-р Сашко Николовза градоначалник за со него да се продолжи модернизацијата на Штип како и развојот на општината, порача Николовски.

Споре Николовски ќе продолжат локалните проекти, ќе се реконструира училиштето Гоце Делчев, ќе продолжи изградбата на новите патишта, ќе се реализираат многу нови локални проекти коишто се битни за граѓаните на општина Штип. Истовремено, Владата ќе продолжи со силната поддршка која во овој момент ја добива Штип. Станува збор за крупни прокети коишто се од значење за Штип во овие неколку децении и за тоа одговорноста на граѓаните на оваа општина е да излезат на 13 декември и да го остварат своето право на глас и да овозможат Штип да биде во сигурни раце и да се модернизира, развива и да стане европски град во центарот на Истокот од страна на д-р Сашко Николов.

Обраќајќи и се на штипската јавност д-р Сашко Николов порача дека пред нас стои шансата да го движиме нашиот Штип по патот на напредокот и да го развиваме онака како што посакуваат штипјани. Започнатите проекти и тие кои наскоро ќе ги реализираме, се во согласност со потребите на градот и барањата на сите кои живеат тука.

-Три години, стоиме исправени пред вас, горди што реализираме крупни проекти со кои се олеснува секојдневниот живот на граѓаните. Но, истовремено, соочени со кризата од коронавирусот, сме целосно посветени и на заштитата на јавното здравје. Веднаш по моето стапување на функција како градоначалник на општина Штип, ќе иницирам добротворен фонд преку којшто ќе обезбедиме бесплатни заштитни маски за сите штипјани. Почитувањето на мерките е исклучително важно за да се добие битката против Ковид 19 и токму затоа, како општина ќе се погрижиме на секој еден штипјанец да му биде достапна бесплатна заштитна маска

-Во овој добротворен фонд апелирам да се вклучат сите општествено одговорни компании и други донатори. Ќе ја продолжиме успешната соработка со Црвениот крст за достава на намирници и лекови до домовите на повозрасните и изнемоштени лица. Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе продолжиме да работиме.Дел од нашата програма е и реализацијата на проектот 100 типски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства. Ова значи нов топол дом за нашите граѓани, на кои им се решава животно прашање – стекнување на свој дом, порача кандидатот за градоначалник д-р Сашко Николов.

Тој уште рече дека во време на светска пандемија која остава и здравствени и економски последици, наша одговорност е да направиме се`што е во наша моќ, да ги поддржиме сите нашите граѓани. Самохраните родители и натаму нема да имаат обврска да плаќаат за престој на нивните деца во градинка. Во соработката со здружението на слепи лица продолжува договорот за ослободување од наплата за водоснабдување.

-Никој не е сам! Како градоначалник ќе се посветам целосно на заштитата на јавното здравје, поддршка и помош на сите граѓани кои се во потреба и на долг рок на создавање квалитетни услови за живот и работа за сите од најмладите до највозрасните. Тоа е моја обврска, тоа е мојата заклетва пред вас.

Штип заслужува да е во сигурни раце!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе