Џабе кречите, тој уште си ја сака!

Штип, 27.02.2018

Дека љубовта е неуништива ни докажува и графитот кој го снимивме на еден од штипските ѕидови.

На ѕидот од старата детска градинка зад гимназијата „Славчо Стојменски“ испишан е графит со следнава содржина:20180224_111711

Пораката на младото, вљубено момче е сосема јасна: Ни тони вар не можат да ја „прекречат“ (преваросат) неговата голема љубов спрема неговата девојка! Џабе градски молери „кречите“, вистинската љубов со ништо не може да се поништи.

Овој графит ни зборува за една голема љубов од типот на Ромео и Јулија, или на Ленка Пингова , a можеби и на Рајна Бурева или пак најблиску е до Сношти минав покрај вази која е чисто штипска песна.

Наш предлог е овој графит да се заштити со одлука на Советот на општина Штип! 

Ова бидејќи поубав од него графит долго време не сме прочитале, а убедливо најголем број од графитите низ градот се невкусни, примитивни, политички непримерени или, со едноставен јазик кажано – простачки.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе