100.000 луѓе на митинг на опозицијата во Скопје

Штип, 05.12.2016

Стоилјаден народ се собра синоќа пред Владата во главниот град на Македонија за да и даде поддршка на опозицијата за заедно да ја симнат од власт криминалната инсталација на владеачката ВМРО ДПМНЕ. Во огромната маса слободољубив народ беа и над 2.000 штипјани.

stipska-logistika-vo-rekata-narod„Ова е тоа за кое сонував. Убав народ кој си ја сака слободата, правдата, еднаквоста, просперитетот, народ кој сака да си избере водачи кои нема да крадат од народната мака, нема да шамарат градоначалници, да сокриваат убиства на млади момчиња, кои нема да приватизираат половина Водно…Таква слика препознавам денес јас на ова наше светилиште во Скопје“, ни изјави средовечната скопјанка Маријана, која егзалтитано го следеше големиот настан.

dsc_2547Штипјанецот Јордан Андонов потенцира дека одел на многу митинзи на СДСМ но никогаш не видел слика која му ги наполнила со благородниот супстрат сите сетила каква што беше синоќешната слика во Скопје.

mladost-i-iskustvo-vo-borba-za-normalna-makedonija„Знаев дека ќе има многу народ, весел народ, народ кој се надева дека ќе го искорени најголемото зло во 25 годишната историја на независна Македонија, но дека ќе не има толку многу ниту не можев да сонувам, иако на вакво нешто се надевав. Пред стиропорната зграда на Владата го кренавме најмасовниот глас досега против сите неправди, злоупотреби, фрлања на семејства сосе кола во ендеци, влечење циганчиња за уши, 40 лица од Албанија во еден стан од 30 квадрати…Не сме будали, не сакаме да молчиме и трпиме, вечерва го испраќаме овој ненароден режим во историја со наслов – беше еднаш, никогаш да не се понови“, рече Андонов.

stipjani-atanaskovi-dojdoa-od-sad-za-da-dadat-poddrska-za-nasata-idninaБени Шакири, познатиот реокер, со треперлив глас порача:

„Мојот татко, мојот херој, дологогодишен уредник во МТВ, мојот Хисен Шакири, беше на смртна постеле кога го лустрираа овие идиоти. Мојот татко ги броеше последните часови од својот скромен но величествен живот посветен на Македонија, а тие дома му носат писмо со кое го известуваат дека е лустриран!.Е, тоа никогаш нема да им го простам на овие ѕверови“, порача Бени.

dsc_2544Се пееја песни, младите поитскокнуваа во ритмот на музиката, се редеа говорници, не стивнуваа аплаузите како знак на одобрување за се она што го работи опозицијата. Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Радмила Шекеринска и други, а на крајот, како шлаг на преубавата голема тората човекот кој во својата визионерска лабораторија ја конструира филозофијата за падот не режимот.

ЗОРАН ЗАЕВ

Прифатен како голем водач на новата македонска демократска револуција, ЗОКИ уште еднаш повтори дека во недела, на 11 овој месец, народот ќе го делегитимира, како што тој напомна „овој ненароден, криминоген режим“.

„На 11 декември народот ќе им пресуди на криминалните структури и ќе ги прати во историјата. 11 декември ќе биде забележан како ден на новата слобода, на демократијата и правдата, на слободата на медиумите,  на вистинска економска преродба, на среќни семејства, на бизнис ослободен од рекет систем…Овој народ си ја сака државата назад, сака да ја види својата Македонија во развиеното семејство на европските народи и во НАТО…По 11 декември тоа така и ќе биде“, порача Заев во својот говор набиен со многу емоции.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе