Лена Ѓуриќ во недела изложува во Аурора ресорт & спа

Штип, 07.09.2018

Уметницата Лена Ѓуриќ во недела ќе ја има својата најнова самостојна ликовна изложба на најатрактивната локација во источниот дел на Македонијa a и на Блаканот, односно во Аурора ресорт & спа на Беровско езеро.

Сликарката Лена ќе се претстави со 24 свои уметнички дела, од кои еден дел се нови и досега непретставени пред културната и друга јавност.

lena04 lena03

 

 

 

 

 

 

 

Изложбата ќе биде отворена во 15 частот. За уметничкиот опус на Лена ќе говори новинарот Тони Михаилов, а присутните ќе бидат поздравени од градоначалникот на Берово Ѕвонко Пеќевски кој истата ќе ја прогласи за отворена.

ЛЕНА: Мојата возбуда е голема зашто добив прилика својата уметничка визија на светот да ја претставам на една неверојатна локација, на преубавата Аурора ресорт & спа на Беровско езеро. Се надевам дека таа синергија помеѓу уметноста создадена од човечкиот ум и уметноста создадена од природата позитивно ќе ги возбуди позитивните сетила на присутните.

„Мојата возбуда е голема зашто добив прилика својата уметничка визија на светот да ја претставам на една неверојатна локација, на преубавата Аурора ресорт & спа на Беровско езеро. И сиот тој предел, сам по себе, е неверојатно уметничко дело на природата. Се надевам дека таа синергија помеѓу уметноста создадена од човечкиот ум и уметноста создадена од природата позитивно ќе ги возбуди убавите сетила на присутните“, ни изјави уметницата Лена.

Инаку, Аурора ресорт &  спа на Беровско езеро и нејзиниот сопственик Славчо Сирачевски перманентно вложуваат во културата. Сирачевски посебно ја поддржува ликовната уметност. Аурора поседува неверојатна колекција од над 700 ликовни дела, меѓу кои и од најпознатите македонски сликари, во добар дел создавани од уметниците за време на нивниот престој во туристичката дестинација која се опишува како рај на земјата..

Лена Ѓуриќ тој преубав туристичо-угостителски и уметнички простор ќе го збогати со своето најпознато дело „Галскиот петел“, кој како нејзин поклон ќе ги краси преубавите простори на Аурора ресорт & спа од недела па за вечни времиња..

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе