Breaking news: Пензионираниот новинар Веле Митаноски, поднесе неотповиклива оставка од функцијата дописничар на Република Мафијадонија

Јас, Веле Митаноски, од мајка Нада (извинете – Неда!) и татко (тој и тој…), поднесувам, НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА од функцијата известувач – дописничар на Република МаФИЈАДОНИЈА, затоа што, НЕОСНОВАНО ТВРДЕВ дека:

  1. Автопатот “Кичево – Охрид”, не е изграден со повеќе од една четвртина, а денеска, граганинот Никола Груевски, од мајка Нада (и татко тој и тој…), на дело (извини Бранко!) “покажа и докажа” дека е изграден (извини Муко – Бруко!): :Речиси до половината!” (завршен цитат!).
  2. Како новинар-дописничар, пишував дека автопатот, кој почна да се гради на 22.02.2014, ќе биде готов НАЈДОЦНА за 4 години, а еве, според исказот на граганинот Никола Груевски, е изграден “речиси до половината” (а не до четвртината!?).
  3. Како ОТЕЖНИТЕЛНА ОКОЛНОСТ ми се зема известувањето, дека автопатот ќе биде изграден, најдоцна до наведениот рок – 2017, а граганиното Никола Греуевски (уште една извинете- шефе Бранко и ти негова шефице Наташке!) ‘покажа и докажа’, дека ќе биде изграден, односно пролонгирана изградбата, за “само” ЕДНА ГОДИНА, тоест до 2019.
  4. Како дописничар од Охрид, известував дека околу новиот тракт, тоест – “надградбата и проширувањето” на Специјалната болница за ортопедија и трауматологијата “ Свети Еразмо“ (сосе објектот на Дедо Стефан – Црквичето во кое ќе се молат богатите пациенти од Блискиот Исток:”здравствен туризам” – завршен цитат!), веќе подолг период е сценска кулиса (“за да не се сетат Власите” од СДСМ: Штеки, Азе и сите други со голо газе!). Наспроти тоа, денеска 24.05.2017, граганинот Никола Груевски, на дело “покажа и докажа”, дека објектот ќе биде предаден “најдоцна до септември – ОВАА ГОДИНА”!!!???
  5. (И со букви!) ПЕТ: Како неопростив грев, дописничарство – без нос и чувство за мирис и вкус, ми се зема ПРОДОЛЖЕНОТО КРИВИЧНМО ДЕЛО: цел ден ДРЕМЕЊЕ пред капиталниот зафат – изградбата на Затворен пливачки базен! Како неопулен и “ничим предизвикан” од граганинот Никола Груевски, претходно, сум тврдел дека догодина (и со бројки) до 2018, охриѓани ќе се капет (заш така требит, оти ренде немет – базен имет!) во најсовремениот базен на Балканите.

Со недоагањето на граѓанинот Никола Груевски на стратешкиот објект, сум ја утнал НЕОПРОСТИВО,

ЗАТОА ШТО:

1.Базенот сеуште, на неколку месеци пред предавањето, не попркнат од нивото на  земјата!

2.Денеска, сум  го чекал граганинот Никола Груевски, а притоа, не сум го зел во предвид фактот, дека на “лицето место” бевме само јас и чуварот!?

ОДЛУЧЕНО КАКО ВО ДИСПОЗИТИВОТ

Своерачно, Веле Митаноски

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе