Eкстерно тестирање за наставниците примени во времето на Груевски

Штип, 07.12.2016

Наместо за учениците екстерно тестирање по 11 деќември ќе има за добар дел од наставниците. Тој пат на проверка на знаењето ќе мора да го поминат сите наставници примени на работа во последните речиси 11 години . Во периодот во кој неприкосновен владар со животите на македонците беше Груевски.

„Тоа е време-невреме кога не беше важно дали факултет си завршил со чиста десетка, а твоите родители издвојувале од својата уста само ти да имаш живот во Македонија, или со натиго-дајмиго си добил преодна шестка, при што твојот најсилен адут била вмровската членска книшка. Затоа денес децата ни ги учат (и) учени-недоучени, кои на текст од пет реда прават седум правописни грешки, наставници по математика кои говорат дека два и два се пет, наставници кои крвниците на македонскиот народ на децата им ги подметнуваат како национални херои, учители кои на фејсбук, каде за пријатели им се и нивни ученици, сеат омраза од партиско-политичка причина, кои одат на митинзи на својата партија и ги тормозат децата за и нивните родители да им се приклучиле ако не ќе добиеле единица…Таквите се примени на работа во времето на Груевизмот и за нив нема друго освен екстерното од кое учениците ќе бидат ослободени“.

Ова за Исток прес ни го кажа член на СДСМ од највисокото раководство.

„Срамота бе, наставници, професори величат на фб политички партии.  Децата ве имаат на фб каков тоа пример им давате? Госпоѓа со пост кон Радмила Шекеринска  “мрш шиптарко една”! На што ми го учиш детето, бре идиоту,,морону еден?“ јавно праша Ампева.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе